Со драстично зголемување на платите, европските земји се борат за работник плус
Објавено на од во Економија

Поради милионите млади лица кои заминаа да работат во развиените земји од Унијата, Источниот блок остана без лекари, градежни работници, инженери,а поради масовното иселување, бројот на невработени во некои земји на Еу падна на 3-4%. 

deficitУнгарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија платите ги покажуваат платите со 8 до 15% годишно, потврдуваат податоците од нивните национални статистички служби. 

Просечната нето-плата во Романија на почетокот од годинава се зголеми на околу 620 евра, што е за околу 50 повеќе за разлика од пред две години. 

во текот на 2018 одина платите на медицинскиот кадар, наставниците и на професорите се зголемија за околу 30%, а пак платите на градежниците досега, во 2019, се зголемија за 40%. 

Романското јавно здравство бележи золемување на платите во секторот за 70%, што значи дека медицинска сестра заработува минимум 556 евра, а пак тие со повисоко образованиеминимум 645 евра. 

Општите лекари земаат најмалку 1.960 евра, а пак најдобро платените лекари имаат примања и до 4.000 евра месечно.

Две години по ред во Унгарија платите се зголемуваа по 12%. Така и оваа година продолжија да растат со 10%, и секоја жена помлада од 40 години, со најмалку 3 години работен стаж, има право на државен кредит од 32.000 евра за одгледување деца – пари кои нема да мора да се враќаат ако во фамилијата има принови.

Во Чешка бруто-платите веќе две години растат со стапка од околу 8%, а во Полска од 7%.

Полјаците доживеаа двегодишен скок на платите за 20%, а просечната нето-плата изнесува околу 870 евра. Полските фамилии веќе неколку години од владата добиваат околу 115 евра месечно за секое дете по првороденото, сѐ до неговата полнолетност, што влијае на подобриот животен стандард и на наталитетот.

Хрватската јавност исто така има основани грижи и стравови дека наскоро сите земји во ЕУ ќе бидат пред нив кога станува збор за месечната заработка.

Просечната плата во Хрватска е околу 860 евра, со кој приход, земјата е на средината меѓу 11 нови членки на ЕУ од Источна Европа.

Меѓутоа, како што пишуваат медиумите од Загреб, ако продолжи сегашниот тренд, сите средноевропски земји за неколку години ќе ја надминат Хрватска според платите и животниот стандард.

Колку за споредба, во поразвиените земји од Западна Европа минатата година платите се зголемиле за 2,6 отсто. Во Хрватска во текот на изминатите пет години платите номинално растат по стапка од околу 4 отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×