Со едно запирање и контрола ќе се преминува и на Ќафасан кон Албанија
Објавено на од во Економија

granica-carinaOne-stop-shop покрај со Србија Македонија ќе водведе и со Албанија. Одлуката за воведување на заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане беше донесена на вчерашната седница на Владата.

Владата го задолжи Министерство за финансии преку Царинската управа во рок од 15 дена преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија да го информира Министерството за надворешни работи на Република Албанија за согласноста од потребата за склучување на Спогодба и за потребата од формирање на делегација за започнување на постапка за водење преговори за склучување на Спогодбата за воведување на заеднички гранични контроли на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане.

Проектот one stop shop на граничниoт премин Ќафасан кон Албанија во пракса ќе значи дека сите гранични и царински контроли Македонија и Албанија ќе ги прават заедно и на едно место и со едно застанување, наместо досегашната практика на двојно застанување во двете држави. Со one stop shop, граничната полиција, царинските службеници и сите надлежни служби на двете држави ќе бидат на една локација, па личните документи на патниците и царинските декларации за стоките ќе бидат заеднички прегледани и анализирани од двете служби.
Со воведување на ваквиот концепт ќе се овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли и ќе се унапреди примената на концептот на интегрирано гранично управување, ќе се зајакне соработката помеѓу надлежните органи на соседните земји (царина, полиција, инспекциски органи), ќе се зголеми ефикасноста во делот на спречувањето на прекуграничните нелегални активности, ќе се оствари заштеда на ресурси на надлежните органи вклучени во реализацијата на концептот и конечно, значително ќе се намали времето и трошоците за спроведување на граничните формалности со што ќе се забрза и поедностави протокот на патници, стока и превозни средства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×