Со инвестиција од 800 милиони евра Cosco го проширува пристаништето во Пиреја
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Кинеската компанија „Коско“, која пред три години стана сопственик на скоро 70% од најголемото пристаниште во Грција, најави план за проширување со инвестиција од 800 милиони евра, објави „Катимерини“.
BIG_limani-peiraiasОва не е прва ваква стратегија за развој на пристаништето Пиреја, но овој пат количината на инвестиции е значително поголема отколку во претходниот предлог. Обновениот проект доаѓа по промената на владата во Атина.
Според новиот план, таму ќе биде изграден нов четврти терминал за контејнери и трговски центар. Четвртиот терминал ќе има капацитет од 2,8 милиони TEU (ова е мерка еднаква на обемот на товар што се носи во еден стандарден контењер). Ова ќе го зголеми вкупниот капацитет на Пиреја до над 10 милиони TEU до 2022 година.
Според новиот план за проширување, инвестицијата во изградбата само на новиот терминал ќе изнесува 300 милиони евра.
Пиреја е рангирана на 32-то место меѓу најголемите пристаништа во светот, веќе е меѓу најпрометните во Средоземното Море, откако го надмина товарот на Валенсија пред неколку недели.
Во 2018 година, вкупниот обем на пренесен товар достигна 4,9 милиони TEU, или 18,4% повеќе од претходната година. И за дури 700% повеќе од волуменот во 2009 година, кога Коско започна со работа на Терминал 2 на пристаништето. Во 2016 година, кинескиот лидер успеа да купи скоро 70% од целото пристаниште.
Минатата година Пиреја се најде на 6-то место на Стариот континент во однос на обемот на товар. На првото место е Ротердам со 14,5 милиони TEU, по што следат Антверпен и Хамбург со 11,1 милиони и 8,7 милиони TEU, соодветно. Ако капацитетот на Пиреја достигне 10 милиони TEU, тој има потенцијал да стане трето по големина пристаниште во Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×