Со новата кредитна картичка на НЛБ Банка поврат на средства при секоја транскција
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НЛБ Банка промовираше нова кобрендирана кредитна картичка со која клинетите ќе имаат поврат на средства при секоја извршена трансакција во Македонија и во странство. На продажните места кои се во мрежата на НЛБ Банка, муштериите ќе можат да остварат поврат на средства од еден до 10%, додека за сите останати трансакции обезбеден е поврат на средства во висина од гарантирани 0,6%.

Ваква картичка се пласира за првпат на пазарот во Македонија. Од НЛБ Банка се надеваат дека ќе стане основно средство за пазарување кај нивните клиенти.

Целта ни е да понудиме што е можно повеќе бенефиции со овој инструмент на плаќање, а картичката да прерасне во прв избор на клиентите при изборот на картичка за плаќање. Идејата е на клиентите да им се овозможат што повеќе бенефиции и поголема додадена вредност во секојдневното нивно купување“, изјави претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир.

НЛБ happy е кобрендирана кредитна картичка од програмата на Mastercard, а изработена во соработка со фирмата „Неп лојалити“.

Нема потреба од повеќе од 10 картички со разновидни попусти и во разни продавници. Со НЛБ happy го имате целиот поврат со само една картичка“, изјави Игор Давков, претставник од „Неп лојалити“.

За НЛБ happy картичката клиентите може да аплицираат во сите експозитури на НЛБ Банка и во продажните салони на Нептун. При самото аплицирање во продажните салони на Нептун, воведено е и инстант одобрување на кредитен лимит на картичката и можност за реализирање на првото купување во истиот момент, без физичко поседување на картичката.

Во моментов партнерската мрежа на НЛБ Банка се состои од 90 трговци со повеќе од 400 продажни места. Согласно со НЛБ happy програмата, планирано е проширување на мрежата и надградување на висината на повратот на средства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×