Со нови критериуми, Владата ќе ја подобрува реализацијата на капиталните инвестиции
Објавено на од во Економија

Владата вели дека годинава ќе биде повнимателна околу новите критериумите за капитални инвестиции, по незадоволството од малата реализација на капиталните проекти лани. 

angjusev

Владата со нови критериуми за ставање на проектите на листата за капиталните инвестиции во буџетот ќе се обиде да ја подобри нивната реализација, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Годинава сме посветени на реализирање на капиталните инвестиции во Буџетот и многу внимателно ги биравме проектите, бидејќи доколку не се техничи подготвени не може да се реализираат во една година. Прво треба да го подготвите проектот, потоа да објавите тендер и на крај да го реализирате. Затоа е многу  битно претходно да бидат технички подготвени проектите кои се наоѓаат на списокот за капитални инвестиции и барем таа фаза да биде реално спроведлива. Тоа значи да има реален изведбен проект, да има решени имотно-правни односи и да има издадена градежна дозвола, посочи Анѓушев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Владата, минатата година едвај успеала да потроши 197 милиони евра од предвидените 300 милиони евра, кои во ноември беа со ребалансот на буџетот беа скратени за 100 милиони евра. Тоа е реализација од само 65,5 проценти. Вината ја гледа во вработените во институциите кои не подготвиле добри проекти.

„Веќе рековме во неколку наврати и премиерот и јас и економскиот тим дека не сме задоволни од реализацијата од минатата година, тоа пред се е резултат на тоа што проектите не беа добро подготвени, но имаше и други причини во делот на реализација, можби и кадровски“, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Согласно новите критериуми, проектот ќе треба претходно да биде технички подготвен и да постои реална можност да се реализира за да биде ставен на листата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тоа подразбира, како што рече тој, првата фаза да биде завршена за да може веднаш да се премине кон фазата на тендерирање, тендерот да заврши навремено, да почне резлизација на проектот во буџетската година и целосно да се реализира доколку е помал.

-Доколку проектот е само идеја, тој во една година треба да се нацрта, дизјанира, проектира, да се извади градежна дозвола и да се распише тендер. Ако од некои причини тендерот треба да се повтори веќе нема време да се имплементира во таа година и тоа резултира со нереализирање на капитални инвестиции, рече Анѓушев.

Недоволната подготвеност на проектите ја посочи како главна причнина за послабата од планираната реализаиција на капиталните инвестиции за минатата година иако, како што рече, имаше и други причини во делот на реализацијата, можеби и кадровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×