Со „One stop shop“ на Табановце-Прешево годишна заштеда од осум милиони евра за превозниците
Објавено на од во Економија
Со заедничкото гранично управување што стартуваше денеска на ГП  Табановце Прешево се очекува превозниците да имаат заштеда од околу осум милиони евра на годишно ниво, извозот на двете страни да се зголеми за четири проценти, а надворешната размена за осум проценти и бројот на туристи за осум проценти.
табановце2Преку  ГП Табавноце лани поминале околу 200 000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила. Се очекува,  тој годинава да се зголеми за 30 проценти и да достигне 260 000.
Претставниците на бизнис заедниците од двете држави порачаа дека единствената контрола со една испостава е прв чекор за поефикасен проток на стоки, крај на редиците камионите на овој фрекфентен граничен премин, зголемување  на конкурентноста.
Извршната директорка на стопанската комора Билјана Пеева Ѓуриќ истакна дека по 27 години од воспоставуавње на границата се реализира ваков проект.
„Со воспоставуавње на заедничкото гранично управување на македонско-српската граница како и неодамна реализираните инфраструктурни инвестиции на самиот патен правец кој е дел од Коридорот 10, истиот станува дополнително атрактивен што значи зголемување на конкурентските предности на целиот регион“, рече Пеева Ѓуриќ на пуштањето во употреба на проектот на која присуствуваа и премиерите на двете држави.
Деловната заедница го поздрави и денешното потпишување на протоколот со кој меѓусебе се признава овластен економски оператор, со што значително се олеснуваат царинските контроли поврзани со безбедноста коишто имаат приоритет третман при царинењето.
Претседателот на стопанската комора на Србија Марко Чадеж истакна дека овој проект  е најзначаен придонес за олеснување на трговијата, зголемување на конкурентноста и одоговор на барањата на стопанските комори на земјите од Западен Балкан. На овој начин се забрзуваат конторолите, се острануваат бариерите, се намалуваат трошоците.
„Северна Македонија и Србија покажаа заеднички како треба и би сакал во име на сите стопански комори од Западен Балкан, зборувам за шест економии, околу 400.000 бизниси да ги повикам сите да го следат овој пример да воспостават вакви премини, да ја усогласат заедничката документација што штеди и пари и време на компаниите кои работат во регионот“, истакна Чадеж.
Тој изрази надеж дека со сегашните и идните договори што ќе се склучат ќе им овозможат на компаниите својата стока без бариери да ја носат во целиот регион.
Лани, размената на стоки меѓу двете држави изнесувала 856 милиони евра, а размената на услугите близу 200 милиони евра.
Како што нагласуваат од Царинската управа, основата на концептот за заеднички царински контроли на двете соседни држави или „One stop shop“ е постигнување подобри резултатите при зајакнато ниво на заемна соработка. На ваков начин царински постапки се реализираат без поголеми пречки и се поефикасни, што од друга страна води до пократки периоди на чекање на граничниот премин и следствено на тоа поголемо задоволство на патниците и стопанските субјекти.
Во текот на минатата година, Царината со финансиска помош на Европската Унија и на Владата  изврши реконструкција и модернизација на инфраструктурата на граничниот премин на Табановце, a извршени се и дополнителни соодветни инфраструктурни зафати (прилагодување) кон новиот концепт со што се остварени сите предуслови за започнување на заедничките контроли. Почетокот на имплементацијата на Проектот за заедничко гранично управување One Stop Shop беше најавен на 2 септември лани на граничниот премин Табановце-Прешево од премиерот Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Минатата седмица во Скопје  раководителите на службите со надлежност во граничната контрола ги потпишаа потребните Протоколи потребни за спроведување на Договорот помеѓу двете Влади, со што се финализираа и последните формалности пред официјален старт на заедничките контроли на граничниот премин Табановце – Прешево.
Граничната контрола на патничкиот сообраќај од Србија кон државава од сите надлежни органи на двете држави ќе се одвива на македонска територија на ГП Табановце. За влез од државава во Србија  контролата се реализира на ГП Прешево. Во товарниот сообраќај, пак, при движење од Србија кон државава контролите се на наша територија на Табановце, а при движење од кај нас кон српската држава на граничниот премин Прешево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×