Со перпетуалната обврзница на УНИБанка од денес може да се тргува на Македонската берза
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Перпетуалната обврзница која УНИБанка ја издаде пред околу еден месец од денеска почна да се котира на Македонската берза и сите заинтересирани инвеститори ќе можат да тргуваат со неа на секундарниот пазар.
Unibanka

 

УниБанка е прва банка која издаде перпетуална обврзница, која е финансиски инструмент кој е своевиден хибрид помеѓу обичните акции и обврзниците , односно хартија од вредност која нема рок на доспевање и затоа се перпетуални, или вечни, а за нив може редовно да се исплаќа камата.

„ Издавањето на оваа перпетуална обврзница, ќе и овозможи дополнителна можност на УНИБанка АД Скопје, да го продолжи својот раст и да ги зголеми својот пазарен удел и добивката“, истакна Владислав Хаџидинев, извршен директор на УНИБанка. УНИБанка минатиот месец издаде 5.000 перпетуални обврзници со номинална вредност од 1.000 евра, односно со купна номинална вредност од 5.000.000 евра. Годишната камата е 9% за првите 5 години и каматата може да се исплаќа два пати годишно.
Од УНИБанка информираат дека е предвидена опција за отповикување на перпетуалната обврзница во 2023 година.

Повеќе информации за перпетуалната обврзница на УНИ банка можете да најдете на следниот линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×