Со платформата за брзо правење на веб страници и нивното одржување го освојуваат светот
Објавено на од во Start-up

Exai_02Македонско – израелскиот стартап Exai им помага на малите и средни бизниси во дигитализацијата

Речиси една година во земјава работи стартапот Exai Website Builder, којшто развива иновативна технологија за изработка и автоматско одржување на веб страници, слична на таа што ја нуди светски познатите Wix и Squarespace.

 

Кога информацијата дека во Македонија може да се најдат мноштво талентирани програмери по многу конкурентни цени во споредба со неговиот роден Израел и западните развиени земји стигнала и до Гал Моран, искусниот ИТ претприемач не губел многу време. Резултат на неговата акција е тоа што речиси една година во земјава работи стартапот Exai Website Builder, којшто развива иновативна технологија за изработка и автоматско одржување на веб страници, слична на таа што ја нуди светски познатите Wix и Squarespace.

„Оваа технологија е наменета да им олесни на сопствениците на мали и средни бизниси во одржувањето на технологијата на нивната веб страна, но им дава и слобода да можат сами да го менуваат изгледот на веб страната без претходно искуство во програмирање и веб дизајн.“, објаснува Моран, инаку сега главен извршен директор – CEO на Exai. Стартапот во моментов брои 15-тина луѓе, но како што вели Моран, постојано растат, затоа што имаат потреба од инженери, но и специјалисти за маркетинг, продажба, итн. Тој додава дека е презадоволен од квалитетот на тимот што досега го има собрано околу својата идеја, во којшто е и Тошо Мицевски, на нашата јавност познат по неговиот стартап Teachhoot, првата македонска платформа за онлајн приватни часови.

“Целта на Exai Website Builder како производ е да понуди поквалитетна услуга од open source платформите кои иницијално се бесплатни за сите, но потоа повлекуваат скриени трошоци. Како пример за тоа е земен познатиот WordPress кој го држи најголемиот дел од онлајн пазарот. Оваа платформа нуди бесплатни теми за правење на веб страна, но подоцна истата мора да се одржува и оптимизира од страна на професионалец кој би чинел доста пари. Од друга страна, Exai системот е изграден на тој начин што ја гради самата веб страница за многу пократко време од останатите вакви платформи и автоматски ги апдејтира и оптимизира сите свои корисници од една централна машина изградена со помош на вештачка интелигенција.“, објаснува Мицевски.

Од Exаi велат дека со нивната платформа се намалуваат трошоците, стресот и времето потрошени за одржување.

“Exai го прави сето тоа за вас. Во прашање е сложен код кој што претставува предизвик за секој програмер кој што е во потрага по новитети и можност за надградба на сопственото знаење, како и можност да се учествува во нешто што има потенцијал да стане многу големо.“, вели Мицевски.

Животот на малите бизниси е значително олеснет со Exai

Директорот Моран објаснува дека иницијално, алгоритмите и кодот на технологијата на Exai се создадени од програмери кои работеле во израелската воено разузнавање. Врз основа на тие кодови, соработката меѓу израелските и македонските програмери успешно продолжува да го развива и подобрува системот, а со тоа и корисничкото искуство.

„Животот на малите бизниси е значително олеснет со Exai. Во свет којшто постојано се менува, е полн со предизвици и немилосрдна конкуренција, онлајн присуството и видливоста се неодминлив услов за успех. Со тоа што денес целиот свет е на своите мобилни телефони, веб страница оптимизирана за мобилни направи е основна потреба на секој бизнис. Exai помага да бидете видлив дел од светот, имајќи во предвид дека она што е навистина важно, и за што сите луѓе всушност работат е семејството. Сакаат да го направат тоа што е најдобро за своите најмили, односно го прават тоа што е најдобро за нивните бизниси да растат. Exai, на нивно големо задоволство преку својата напредна технологија инвестираат во иднината на човештвото и развојот на малите бизниси.“, вели Моран.

Она што ги издвојува како уникатна средина за напредок и развој, велат соговорниците од Exai е тоа што за нив целиот свет е пазар.
„Се нуди можност за искуство и работа со луѓе од најразлични култури и со различни потреби. Оваа интернационална комуникација помага да се оформи тој посебен Exai карактер кој се базира врз високи вредности достојни за задоволување и на највисоките светски стандарди. Потребите на клиентот се секогаш приоритет. Топлиот пристап како кон клиентот така и кон вработените кои ја делат одговорноста да понудат услуги достојни за брендот е уште една неодолива карактеристика на целосното Exai искуство.“, вели тимот на Exai.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×