Со поддршка од УСАИД три организации склучија партнерство за воведување на интегрирана ветеринарна програма
Објавено на од во Економија

УСАИД 4Денеска во село Радобор, Општина Могила, беше склучено партнерство за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма за ветеринарните клиники низ Македонија. Со потпишување на меморандум за соработка Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје отпочнаа иницијатива преку која на македонските сточари ќе им се обезбедат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност. Една од овие услуги е професионален софтвер кој ќе служи за потребите на сите чинители на секторот –од сточари и ветеринари до млекари и општи клиники. Овој софтвер ќе ги содржи сите релевантни податоци за ветеринарните услуги и здравјето на животните на фармите, што е особено значајно за квалитетот на сточарските прехранбени производи и јавното здравје.

Во неговата изјава, Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез, рече „Ова ново партнерство за унапредување на ветеринарните услуги, продуктивноста на сточарството и квалитетот на храната е совршен пример за локална развојна иницијатива. Таа произлезе од заедничките предизвици кои многумина сточари ги идентификуваа и е дизајнирана да помогне во нивното решавање“.

Од 2013 година, УСАИД го поддржува формирањето на Локални акциски групи (ЛАГ-ови), кои се форма на јавни-приватни партнерства за искористување на локалните идеи и капацитети за рурален развој. ЛАГ Агро Лидер е пример за успешна Локална акциска група која веќе прерасна во локален центар за економски развој во Пелагонија.

Започнат во 2017 година, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем цели кон зголемување на продуктивноста, приходите и работните места кај микро, малите и средните претпријатија во Македонија. Проектот соработува со бизнис асоцијации и комори, финансиски институции, тренинг центри како и компании кои сакаат да ги развијат своите синџири на добавување. ЛАГ Агро Лидер, како грантист на Проектот, нуди високо побарувани советодавни услуги во областа на ветерината, производството на сточна храна и хигиената на сточните фарми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×