Со подземен Hyperloop за 29 минути од Њујорк до Вашингтон
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС

hyperloopconcept WEBИлон Маск продолжува да остварува на планот за превоз на иднината

Подземниот Hyperloop на Маск би решил неколку проблеми со кои моментално се мачат инженерите во другите компании што го развиваат овој систем за превоз, како заштитата на цевките од пробивање (на пример, со куршум), потоа, би биле минимизирани деформациите (на цевките) поради промените на температурата; а можеби и малку би ги намалил трошоците

 

Elon Musk, Chairman of SolarCity and CEO of Tesla Motors, speaks at SolarCity's Inside Energy Summit in Midtown, New YorkНајновата опсесија на родениот во Јужноафриканската Република, канадско-американски претприемач, иноватор, милијардер, Илон Маск, се тунелите. Поточно, подземните тунели што би служеле за транспорт и би ги намалиле градските метежи.

Маск сега сака да го поврзе источниот брег на САД – од Њујорк, преку Филаделфија и Балтимор, до Вашингтон, така што ќе ископа подземен тунел и во него ќе смести Hyperloop. Основачот на Tesla Motors и на SpaceX првпат споменува дека ќе гради Hyperloop – досега оваа работа им ја препушташе на други (иако токму Маск во 2012 година го предложи овој радикален концепт за масовен превоз).

За овој проект веќе добил „усно одобрување“ од одговорните, и веста ја објави на својот Twitter профил. Hyperloop би ги поврзувал центрите на споменатите градови, но на таа, околу 350 километри долга релација, би имало и други станици – повеќе од десетина. Патувањето со посебните вагони од Вашингтон до Њујорк во подземна цевка со низок притисок би траело 29 минути, пресметал Маск.

Сместувањето на Hyperloop под земја би решило неколку проблеми со кои моментално се борат инженерите во другите компании што го развиваат овој систем за превоз, како заштитата на цевките од пробивање (на пример, со куршум), потоа, би биле минимизирани деформациите (на цевката) поради промените на температурата; а можеби и малку би ги намалило трошоците.

Godot WEB

Godot, првата машина за дупчење тунели на Маск, односно на неговата The Boring Company

Подземното решение, пак, си носи други проблеми, како проблематичната евакуација во итни ситуации …

За дупчењето на подземните тунели Маск ја основа The Boring Company, која со помош на првата машина за дупчење на тлото, наречена Godot, неодамна го почна копањето на првиот тестен тунел во близина на седиштето на SpaceX (компанијата на Илон Маск за транспорт во вселената) во калифорниски Хоторн.

Крајната цел на компанијата е да им се овозможи на градовите евтино и брзо да изградат мрежа од подземни тунели во кои би се одвивал сообраќај што би ги намалил вообичаените гужви.

Овде треба да потенцираме дека Hyperloop-от на The Boring Company е различен од оној на Hyperloop One (подолу е објаснувањето за оваа Hyperloop компанија). Секако, ист е главниот концепт – вакуумска цевка низ кој лебдат и многу брзо се движат поради малиот отпор/триење соодветни транспротни „капсули“. Разликата е во тоа што The Boring Company освен патници, планира да превезува и возила. Но, во тунелите на Маск автомобилите нема да возат самостојно, туку таму ќе ги преземаат посебни автономни платформи задолжени за транспортот.

Во The Boring Company цевките се под земја, а возилата е планирано да се спуштаат со лифт, до гондола во која истите (возилата) ќе се сместат и ќе патуваат извонредно брзо низ мрежата.

Инаку, за „обичниот“ Hyperloop, компанијата Hyperloop One успешно го помина тестот по трасата во Невада, со нивниот маглев погонски систем во целосна големина, на 12 мај годинава.

Hyperloop One развива систем на транспорт со магнетски левитирачки капсули во вакуумски цевки, а споменатиот таен тест беше прв во светот извршен во цевка со механизам за превоз во реална големина. Компанијата сепак не користела цела патничка капсула, иако нејзиниот прототип веќе бил изработен од алуминиум и јаглеродни влакна, туку само погонскиот маглев механизам што подоцна би требало да ги носи вагоните.

Системот постигнал најголема брзина од 113 километри на час, и за само неколку мига го поминал патот долг 500 метри, внатре во вакуумската цевка. Тестот покажал дека системите функционираат како што е замислено, а во следните обиди ќе се цели кон поголеми брзини, од дури 400 километри на час на истиот 500-метарски пат. Изворниот концепт на Илон Маск предвидува дека еден ден патничките капсули би можеле низ овие цевки со низок притисок да се движат со брзини и од над 1.200 километри на час.

Точно една година пред ова тестирање, Hyperloop One го направи првото јавно тестирање на смален модел, и тоа на отворено. Успехот од 12 мај – тестирањето во функционални вакуумски цевки со платформа на саканата големина, секако е неспорен, особено со оглед дека напредокот е направен за само една година.

38 04

„Хајперлупот“ што група американски и мексикански инженери предлагаат да го замени ѕидот на Трамп и да донесе многу пари и други погодности

Наместо ѕидот на Трамп што одвојува – Hyperloop граница што поврзува

Досега интерес за изградба на Hyperloop покажаа САД, неколку европски земји, потоа Дубаи и Обединетите Арапски Емирати (Абу Даби); неодамна и Јужна Кореја …

Корејците сакаат со овој иновативен начин за превоз на луѓе и товар да ја поврзат својата престолнина на северот, Сеул, со пристанишниот град Бусан, што е на југот на земјата.

Растојанието меѓу двата града е нешто повеќе од 320 километри, и супербрзите јужнокорејски возови го поминуваат за околу три часа, но планот е со Hyperloop патувањето на релацијата да не трае повеќе од триесетина минути. Владата на Јужна Кореја за целта потпишала договор со компанијата Hyperloop Transportation Technologies (HTT), која развива тунели и капсули за превоз со скоро надзвучни брзини.

Од HTT при крајот на јуни (кога Јужна Кореја го конкретизираше интересот за Hyperloop) изјавија дека нивната технологија по четири години развој е речиси подготвена за изградба на првата вистинска траса цевки од Hyperloop, во фаза на изградба се и првите патнички капсули, а најголема препрека им се регулативите во одредени делови на светот. Но, бидејќи Јужна Кореја сака да има функционален превоз со Hyperloop за четири години, би можела да ја среди регулативата за истиот навистина таму да се изгради во овој рок.

Hyperlopp Transport Technologies има истражувачки договор за развој на Hyperloop коридор и меѓу чешките градови Брно и Прага, што би продолжил до словачката престолнина Братислава.

Кога сме веќе кај интересот на државите за Hyperloop, интересно е што група мексикански и американски инженери пред неколку месеци дојдоа на идеја наместо ѕидот меѓу двете држави што го ветуваше претседателот на САД, Доналд Трамп, да направат гранична бариера што ќе служи како превозно средство. Тие ги поврзаа двете идеи – ѕидот на Трамп и Hyperloop-от на Маск. Ако проценките велат дека ѕидот би чинел 21 милијарди долари, колективот MADE (споменатите мексикански и американски инженери) пресметале оти мрежа за Hyperloop долга две илјади километри би можела да се изгради за 16 милијарди долари, а останатите пари (до 21 милијарда) би се вложиле во здравството, во образованието, во уметноста на САД.

Освен што би служел како граница што поврзува, а не одвојува, овој заеднички потфат би отворил бројни работни места, и би имал вкупен позитивен финансиски ефект од дури илјада милијарди долари. Земјата искористена за негова изградба би имала, во оваа идеалистичка визија, статус на независна нација наречена Otra Nation, сопствена влада, и нејзин претставник во властите на САД и на Мексико.

Секако, целиот проект би се потпирал на обновливи извори на енергија и на економија на споделување (sharing); би ја заштитувал животната средина, би поттикнувал економски раст; општествен и културолошки напредок…

MADE Collective и неговите архитекти, градежници, дизајнери, инженери, … имаат и своја интернет страница за овој амбициозен проект, како и петиција во која граѓаните можат да ги поддржат во изградбата на проектот Otra Nation.

Hyperloop е концепт за исклучително брз превоз на луѓе и на товар. Би можел да стане нов хит на транспортот и да има големо влијание врз мобилноста на луѓето и превозот на стоки.

Според изворната замисла на Илон Маск, Hyperloop е превоз со капсула во која седат до 28 патници, а истата (капсулата) патува низ цевка (во која е намален притисокот – потполн вакуум би бил прескап и неблагодарен за одржување) на воздушно перниче движено од линеарни индукциски мотори и компресори. Системот би го правеле две цевки за патување во обратни правци.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×