Со „трева“ веќе може да се тргува на берзата во Торонто
Објавено на од во lifestyle

На Беј Стрит, еквивалентот на Волстрит во Торонто, сега можете да си купите „трева“, пишува Bloomberg.

Акциите на компанијата што произведува марихуана, Canopy Growth Corp. од вчера се тргуваат под ознаката WEED („трева“ на англиски).

„Многу сме среќни што на Беј Стрит претставивме компанија со ова име“, изјави извршниот директор на компанијата, Брус Линтон.

Оваа компанија базирана во Онтарио е првиот „еднорог“ во Канада што се занимава со марихуана, со пазарна капитализација што надмина милијарда долари во тек на 2016 година. Во моментов е проценета на 1,2 милијарди.

Цената на марихуаната се зголеми поради увереноста дека „тревата“ ќе биде легализирана. Владата вети дека ќе го среди законскиот дел во текот на 2017, со што Канада ќе стане прва членка на Г-7 со ваква дозвола.

Ако сѐ оди според планот, се смета дека 3,8 милиони луѓе ќе се радуваат од паѓањето на забраната. Се очекува продажба за 6 милијарди канадски долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×