Собир за поддршка на Северна Македонија пред Француската амбасада во Софија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Под мотото „Европска иднина за Македонија“ попладнево пред Француската амбасада во Софија ќе се одржи мирен собир за поддршка на европските аспирации на Северна Македонија, јави БГНЕС.
СОФИЈА“Самиот настан не е против нешто, туку е за поддршка на Македонија и за забрзување на почетокот на нејзините преговори за членство во Европската Унија, изјави еден од организаторите на собирот”, скулпторот Андреј Врабчев.
Тој нагласи дека присуство на настанот, организиран преку социјалните мрежи, потврдиле најмалку 150 лица.
Врабчев најави дека е предвидено за време на собирот до Амбасадата да биде доставено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон во кое се бара од него да ја преиспита својата позиција околу отпочнувањето на претпристапните преговори со Северна Македонија.
“Местото на Македонија е во Европа поради многу причини – како географски, така и културни. Како што нашето место е во Европа, логично е и Македонија да биде дел од ЕУ. Крајно време е границата меѓу Бугарија и Македонија да биде европска, односно да биде слободна” истакна Врабчев.
Според него, доколку Бугарија и Северна Македонија одново припаднат на два различни блока, ќе се создаде сценарио кое ќе биде многу драматично и ќе влијае врз целиот Балкански Полуостров. Во таков случај, смета Врабчев, земјава многу лесно може да западне во криза, бидејќи „има обиди за нејзина поделба, како и апетити кон не од трети држави“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×