Собранието денес ќе расправа за интерпелацијата на министерот Тодоров
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

todorovНа барање на опозицијата, Собранието денес ќе расправа за интерпелацијата на министерот за здравство Никола Тодоров. Ваквото барање на опозицијата доаѓа по смртта на двете  родилки и како што велат тие,  хаосот во здраствениот систем.

Од опозицијата, сметаат дека Тодоров нема морален капацитет и е главниот виновник за системските проблеми во здраството кои резултираат со трагични последици.

„Тодоров го достигна дното.  Лекарите го напуштаат јавното здраство и заминуваат во странство, се уште трае инсулинската криза, изгубена е довербата во системот на вакцинации, електронскиот систем „Мој термин“ содава нови проблеми, јавните здраствени установи тонат во долгови  “, се вели во текстот за интерпелација доставен до собранието.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×