Собранието денеска ќе избира министри – први од СДСМ што ќе седнат во Владата по 2006 година
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Собранието денеска ќе ја одржи седницата за избор на министри и заменици министри согласно договореното на последната лидерска средба заДоговорот од Пржино.

Во Предлогот доставен од Владата до Собранието се наведува дека согласно договорот од 2 јуни/15 јули и измените на Законот за Влада, за министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата се предлага да биде избран Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Според Договорот од Пржино, министрите за овие позиции ги предложи СДСМ, исто како и замениците министри – Александар Кирацовски, во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство, и Кире Наумов во Министерството за финансии. Ова е првпат по 2006 година во Владата да има министри на СДСМ.

Се очекува на денешната седница да биде пополнето и министерското место во Министерството за информатичко општество и јавна администрација по неодамнешната оставка на Иво Ивановски. Владата за оваа функција ја предлага досегашната заменичка министерка во Министерството Марта Арсовска -Томовска.

Претходно Собранието во рамки на седницата треба да ги констатира оставките поднесени од актуелните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Митко Чавков и Диме Спасов.

Собранието завчера го изгласа пакетот закони кои исто така произлегуваа од Договорот од 2 јуни/15 јули.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×