Собранието ја избра Комисијата за избори и именувања – со тоа заврши конститутивната седница
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Собранието на Република Македонија на денешнoто продолжение на конститутивната седница со 62 гласа „за“, без воздржани и против, ги избра претседателот, заменик претседателот, членовите и нивните заменици во Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

За претседател на комисијата е избран Илија Димовски, за негов заменик Зоран Илиоски, а за членови Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стевананџија, Благица Ласовска, Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зеќири, Ивана Туфегџиќ, Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими.

На гласањето по оваа точка не присуствуваа пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

По завршувањето на конститутивната седница Собранието  треба да ја почна третата седница за избор на работни тела, по чие завршување треба да ја продолжи втората седница на која на дневен ред е избор на нова влада.

Предлог одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, е поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски.

Седницата за избор на нова влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.

Во новата влада, според предлогот-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×