Собранието ќе одлучува за покачување на платите на административците
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Собранието на Република Северна Македонија денеска по скратена постапка треба да го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој треба да се овозможи покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.
администрацијаОд Владата најавија дека септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти ќе се исплати во законски предвидениот рок. Зголемена плата за пет проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор, соопштуваат од Владата.
Оттаму наведоа дека зголемувањето на платите е предвидено со иницијалниот Буџет за 2019 година, а законот кој го овозможува тоа по скратена постапка се очекува да помине во Собрание во текот на следниве денови.
Ова, како што стои соопшти Владата, е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.
Предлог законот, кој е единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница, е поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×