Собранието на линија на договорот – едногласно ги избра новите министри од опозицијата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Собранието ги избра Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ташевска Ременски за министер за труд и социјална политика и Марта Арсовска – Томовска за министер за министер за информатичко општество и администрација.

За Спасовски гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, за Ташевска Ременски исто така гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, додека за Арсовска – Томовска 71 пратеник гласаа „за“, додека 31 беа против.

Собранието претходно ги констатира оставките на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Митко Чавков и Диме Спасов, на министерот без ресот Висар Фида и на заменик министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска.

На денешната собраниска седница пратениците ги избраа и замениците министри од редовите на опозицијата – Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×