Собранието со двотретинско мнозинство го одобри почетокот на уставните измени од Преспанскиот договор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

SobranieСо 80 гласа „за“, Собранието вчера доцна вечерта го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени, како следен чекор кон реализацијата на Договорот од Преспа, кој предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија.

За уставните измени гласаа и осуммина пратеници од опозицијата, точно колку што беше потребно за да се обезбедни неопходното двотретинско мнозинство. На самото гласање пратениците од опозицијата станаа од своите столчиња, но не ја напуштија салата. Во собраниските клупи останаа само седуммината пратеници: Елизабета Канческа – Милевска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Зеќир Рамчиловиќ, Нора Исмаиловска – Старова, Емилија Александрова како и Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија.

Координаторот на пратеничката група Драган Данев побара уште еднаш да се гласа, рачно и поединечно, но резултатот беше ист – 80 пратеници со поддршка за почеток на измените на Уставот.

Седницата која беше закажана за 12 часот се одложи за 15 часот, а потоа и за 21 часот, а почна во 22 часот. Попладнето беше исполнето со преговори меѓу пратениците, но и обвинувања од опозицијата за притисок и уцени врз нивните пратеници да гласаат „за“.

Сега, Владата во рок од 15 дена треба да достави нацрт текст на амандманите на Уставот.

Потоа следуваат јавни расправи во Собранието и во Комисијата за уставни прашања и гласање за секој амандман посебно, процес кој се предвидува да заврши за околу три и пол месеци. Уставните измени, доколку ја минат целата собраниска процедура, ќе треба уште еднаш, на крајот, да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во парламентот. 
 
По гласањето прес-конференции одржаа премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Премиерот Заев истакна дека ова е историски ден за Македонија и дека преку работни групи во Собранието ќе работи на националното помирување кое го најави. Тој додаде дека институциите на системот ќе ги штитат пратениците кои го поддржаа процесот на уставните измени. Денес е историски ден. Денес Собранието, следејќи ја волјата на граѓаните, овозможи да чекориме кон портите на Европската унија и НАТО. Сакам да му се заблагодарам на секој пратеник, особено на храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои го ставија интересот на земјата над партијата и покрај партиските притисоци. Како премиер ќе ја гарантирам безбедноста на секој пратеник и нивните семејства“, рече премиерот и додаде дека имало и други пратеници кои најавиле поддршка, но во последен момент се предомислиле.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ги повтори обвинувањата за уцени и притисоци и објави дека седуммината пратеници кои ги поддржаа уставните измени ќе бидат веднаш исклучени од партијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×