Собранието во 12 часот ќе ја продолжи конститутивната седница
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Денеска, во 12 часот, Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи конститутивната седница која почна на 30 декември, но беше прекината поради неможност да се избере претседател на Парламентот во услови на тогаш необезбедено мнозинство.

На дневен ред денеска се две точки: избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија; и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

Парламентарните партии во четвртокот, по тридневна координација се договорија претседателот на Комисијата за избори и именувања да биде од ВМРО-ДПМНЕ, а за функцијата е предложен пратеникот Илија Димовски.

Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест членови, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, соопшти дека кандидат на оваа партија за претседател на Собранието ќе биде пратеникот Талат Џафери.

Според она што го изјави вчера во интервју за Канал 5 кандидатот за мандатар на парламентарното мнозинство, Зоран Заев, Џафери е еден од посериозните кандидати за прв човек на Собранието, поради неговото парламентарно искуство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×