Собранието во напната атмосфера го донесе Законот за јазици
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Собранието во напната атмосфера, со 64 гласа „за“, при што немаше против и воздржани гласови, го донесе Законот за употреба на јазиците, без да расправа за над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во обидот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволат гласање за законот без амандманска расправа, за малку беше спречена физичка пресметка меѓу поранешниот лидер на опозициската партија, Никола Груевски, и спикерот на Парламентот, Талат Џафери.

Груевски за да го натера Џафери да му дозволи да се обрати процедурално, дури и му истури на спикерот чаша со вода, му го блокираше микрофонот, и на крајот се качи на платформата каде седи претседателот на Парламентот. Џафери набрзо стана за да излезе од салата, но додека излегуваше имаа блиска средба со Груевски, кој грубо ја оттурна раката на спикерот. Собраниското обезбедување го спречи натамошниот развој.

Опозицијата претходно побара Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да се произнесе за примената на Деловникот во врска со можноста или неможноста да се поднесуваат амандмани и да се расправа за нив. Претседателот на оваа Комисија, пратеникот Павле Богоевски, изјави дека ова тело не може да заседава без писмено барање од спикерот Џафери, и оти прво треба да има претпоставена повреда на Деловникот (да не се расправа за амандманите), па Комисијата потоа да се произнесе.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×