Собраниската Комисија изгласа одземање на имунитетот на шестмината пратеници за 27 април
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања изгласа одземање на имунитетите на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ (Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска) поради нивното учество во насилствата во Собранието на 27 април. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни на седницата на Комисијата.

Собранието во текот на ноќта ги извести сите шестмина пратеници за кои се бараше одземање на имунитетот, за денешната седница на Комисијата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера ги достави до Комисијата барањата за одобрување на притвор на шестмината пратеници, поднесени од Основен суд Скопје I Скопје.

Сега, откако Комисијата гласаше за одземање на имунитетите, врз основа на нејзиниот извештај Собранието ќе одлучува по барањето на Судот. За одземање на имунитет на пратеник потребно е просто мнозинство.

Пратениците се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×