Соединети европски држави – реален предлог или политички блеф
Објавено на од во ВО ФОКУС
angela-merkel-martin-schulzЗошто лидерот на Социјалдемократите Мартин Шулц ја извади оваа идеја токму сега и што тоа ќе значи за Европа и неговата партија?

Првиот човек на Социјалдемократите во Германија Мартин Шулц на минатонеделниот конгрес на СДП во Берлин со 82% од гласовите повторно беше избран на оваа функција.

И покрај големите порази кои Социјалдемократите ги имаа во изминативе четири изборни циклуси, Шулц во овој момент покажува борбеност и ветување дека ќе ги врати изгубените 10 милиони гласачи од 1998 година досега.

Шулц на партискиот конгрес ја изнесе својата визија за Европската унија и се заложи за промена на Уставот на ЕУ. Неговата визија за ЕУ меѓу другото предвидува до 2025 година таа да прерасне во Обединети Европски држави со заеднички устав, а сите држави кои нема да сакаат да го прифатат тоа да бидат исклучени.

Но, оваа идеја беше речиси веднаш отфрлена од високи членови од партијата на конзервативците СДП на чело со канцеларката Ангела Меркел.
Она што отвара дилеми е како ќе најдат заеднички јазик околу иднината на ЕУ двете најголеми партии во Германија, кои по резултатите од последните парламентарни избори се принудени да направат широка коалиција за да се формира влада.
Аналитичарите предвидуваат дека ова ќе биде клучното прашање околу кое ќе се водат разговорите и за новата владејачка коалиција.
Фолкер Каудер, висок функционер од демохристијанската СДП смета дека предлогот на Шулц претставува опасност за Европа.

 

Што значи идејата за Соединети европски држави? Како ќе функционира буџетот, ќе има ли заеднички финансиски министер? Без да даде ниту еден одговор на ниту едно од овие прашања, лидерот на Социјалдемократите Шулц ја предложи оваа идеја, разгорувајќи ја старата желба на федералистите. Но, сега кога станува се поизвесно дека партијата на Шулц ќе мора да коалицира со партијата на Меркел се поставува прашањето кој правец ќе го фати новата влада.
За многу од социјалдемократите уште еден мандат со конзервативниот блок не рамно на политичко самоубиство. Немајќи многу простор за игра, Шулц сега со оваа идеја покажува дека прибегнува кон единственото оружје кое му останува-реториката.

Идејата за Соединети европски држави не е нова за поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Реформата на ЕУ е една од силните страни на Шулц и требаше да биде засегната долго пред изборите што лошо завршија за неговата партија, но тогаш партиското раководство се откажа поради страв од можна конфронтација.

Сега, во новата политичка клима, Шулц одново посегнува кон својот адут, за да си ја врати репутацијата и да го оправда влегувањето во нова „Голема коалиција“. Но, иако добија поддршка во редовите на социјалдемократската партија, амбициите на Шулц не се прифатени добро ниту од потенцијалните коалициски партнери, ниту од широката публика, ниту надвор.
Соединети европски држави би го префрлиле националниот суверенитет во Брисел, што нема да добие мнозинска поддршка во многу држави.
Засега од говорот на Шулц корист има само тој. Дури и грандиозните амбиции за ЕУ да бидат оставени настрана, на социјалдемократите и на конзервативците им претстојат сложени преговори со редица спорни теми, како миграцијата, реформи во здравството и на пазарот на труд. Прашањето е што по големата најава за реформи во ЕУ, ако сепак се стигне до коалиција, но во следните четири години социјалдемократите не ги активираат ресурсите во насока на реформа на Унијата, тие и Шулц ризикуваат удар од кој овој пат можеби нема да успеат да закрепнат.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×