Софтверската компанија Докс Тим се приклучува кон иницијативата за скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство
Објавено на од во Компании
Покрај веќе применетиот флексибилен работен модел кој им овозможува  на вработените  поголема слобода во организацијата на нивното време, ова е уште едно дополнување на целиот пакет, велат од компанијата. 
Dox Team
Со цел да им помогне на своите вработени подобро да ги координираат работните обврски со приватниот живот, Докс Тим (doXteam) се приклучува кон иницијативата за скратено работно време на родителите по завршувањето на породилното отсуство, со целосен надомест во времетраење од три месеци.
„Дигиталната револуција го прави светот во којшто работиме пофлексибилен. Каде и кога работите често не е важно. За нас, важен е резултатот. За вработените, тоа е успешноста на работното место и исполнет приватен живот. Имајќи ја во предвид демографската структура на вработените во нашата, како и во останатите ИТ компании, сметаме дека ваквиот чекор ќе помогне во полесно и поедноставно справување со предизвиците на младите, новоформирани семејства.“, велат од Докс Тим.
Покрај веќе применетиот флексибилен работен модел кој им овозможува  на вработените  поголема слобода во организацијата на нивното време, ова е уште едно дополнување на целиот пакет, велат од компанијата.
“Како компанија која гради здрава работна и животна култура во својата организација важни ни се резултатите, а не вистинското време поминато во канцеларија, и ако вработениот работи од дома, а не во канцеларија, тоа не може и не смее да претставува проблем. Амбицијата, иницијативата, и континуираното учење се клучни карактеристики на нашите вработени, поради тоа и искрено веруваме дека обезбедувањето на дополнителни поволности на работното место можат само да ја зголемат продуктивноста на компанијата.” – вели Глигор Дачевски, сопственик на Докс Тим.
Во Докс Тим се надеваат  дека со нивната постапка ќе придонесат  кон  заживување на оваа иницијатива кај што поголем број компании.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×