СОНК не прифаќа зголемување на платите од 10 отсто, најави штрајк
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Советот на СОНК едногласно донесе одлука дека не го прифаќа предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во дејноста образование и наука за 10 отсто, почнувајќи од април 2020 година.
сонкПретседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес-конференција рече дека своите интереси ќе ги бранат со штрајк што се предвидува за 11 ноември годинава.
„Советот на СОНК во овој период на помирување до генералниот штрајк, до кога има 15 работни дена, уште еднаш го отвора барањето до МОН и бара предвиденото зголемување да не почнува од април 2020 година, туку наше барање е да почне од 1 јануари 2020 година“, рече Неделков.
Од СОНК предлагаат понудените 10 отсто да бидат предмет на договарање, односно, како што рече Неделков, да се понуди поголемо зголемување. Како придружни барања што ќе се достават до МОН, како што најави Неделков, се измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале, ревидирање на плаќањето во комбинирана настава… Неделков смета дека е итно барањето за изготвување и потпишување на колективен договор за високо образование и наука кој би бил со период на имплементација од 1.1. 2020 година.
Одговарајќи на новинарско прашање, Неделков рече дека доколку не се исполнат нивните барања би се одржал штрајк кој ќе биде со прекин на работниот процес во основните, средни и високообразовни институции.
Тој очекува во меѓупериодот до најавениот штрајк, нивните барања да бидат разгледани и да имаат средба со претстваници на Владата и на МОН.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×