Сонот на Илон Маск влегува во поконкретна фаза
Објавено на од во Профил

elon-musk-mars-Човечка колонија на Марс може да има веќе за 40 години

За да не исчезне човештвото во одредена историска точка, докажаниот иноватор и претприемач Илон Маск, смета дека мора да се размислува за резервен дом за Земјаните. За почеток човечки колонии предлага да има на Марс, а за целта неговата SpaceX има план како да ја намали цената за патување на луѓето до Црвената планета од сегашните 10 милијарди долари, до прифатливите 200 илјади долари

 

Милијардерот Илон Маск, сопственикот на SpaceX, поаѓајќи од ставот дека човечкиот вид еден ден ќе изумре, бара начин како луѓето да станат меѓупланетарен вид.

Во контекстот, на неодамнешна конференција во Мексико тој претстави план за праќање луѓе на Марс, а на Twitter објави дека има цел да праќа по 100 луѓе на секое патување до Црвената планета.

SpaceX планира веќе во 2018 година да ја испрати товарната капсула Dragon користејќи ја ракетата Falcon Heavy Rocket. Вселенски брод со човечки персонал во план е да биде испратен во 2024 година, со тоа што стигнувањето на Марс би било година подоцна.

Проектот подразбира во вселената да биде испратено летало што ракетата ќе го лансира во орбитата и потоа ќе се врати на Земјата по гориво. Кога ракетата ќе се наполни (со гориво), одново ќе одлета во орбитата за да го наполни вселенското летало. Така тоа ќе има доволно гориво за долгиот пат до Марс.

Планот е, значи, со овие приватни мисии на Црвената планета на крајот да се насели голем број луѓе во идните колонии, во функција на опстанокот на човештвото претворено во меѓупланетарен вид.

Идејата на Маск е со користење на постојните технологии да се намалат трошоците за превоз на Земјаните до Марс од 10 милијарди долари на 200 илјади долари, што е цена на просечна куќа во САД.

„Не можете да создадете самоодржлива цивилизација на Марс ако патниот билет чини 10 милијарди долари по лице“, објасни инженерот, иноватор и претприемач, во обраќањето на Меѓународниот астронаутички конгрес во Гвадалахара во Мексико.

SpaceX е една од двете приватни компании што американската вселенска агенција NASA ги ангажира како превозници за доставување опрема на Меѓународната вселенска станица (International Space Station -ISS), a компанијата на Маск како возило ја користиспоменатата капсула Dragon за повеќекратна употреба лансирана со ракетите Falcon 9.

Според Маск, Марс и планетите од Сончевиот систем треба да бидат само почеток на обидите на човештвото да преживее долгорочно како меѓупланетарен вид – следната цел кон која треба да се тргне во контекстот е поширокиот Космос.

Марс, вели Маск, е најдобар избор за човечки колонии, а проценува дека самоодржлив град со околу милион луѓе на планетата би можел да биде изграден за 40 до 100 години.

Како гориво за леталото што повеќекратно би се користело за превоз на по најмалку 100 луѓе до Црвената планета, се планира да се употребува јаглероден диоксид и вода што ги има на Марс.

Илон Маск, кој е сопственик и на Tesla Motors, компанијата што произведува електрични возила, соосновач е и на PayPal и на компанијата Solar City за производство на соларни панели, на конгресот во Мексико рече дека низ вложувањата одвојува сопствени пари за проектот за колонизација на Марс, за да го даде максимумот што може во личниот придонес за воспоставувањето мултипланетарен живот на луѓето.

Со ракетата Falcon 9, SpaceX имаше проблеми при приземјувањето на лебдечката платформа во океанот, но ракетата два пати успешно е приземјена на тлото. Falcon 9 експлодираше на 1 септември при ланисирањето од Кејп Карнивал на Флорида.

Reuters во текст на темата потсети дека Маск ја основал SpaceX со специфична цел да се колонизира Марс, четвртата планета од Сонцето, и по Венера најблиска до Земјата. Растојанието меѓу Земјата и Марс би било барем 54,6 милиони километри, а приземјувањето на луѓето на планетата по патот долг од шест до девет месеци (во малку подалечна иднина Маск очекува до Марс да се патува за не повеќе од 30 дена) е крајно амбициозна цел, оценува агенцијата.

SpaceX планира патувањето до Марс да се врши на секои 26 месеци, кога Земјата и Црвената планета се во најповолна положба за лет, а Маск, како што напишавме, очекува луѓе да се спуштат на соседната планета во 2024 година.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×