Sony го купи контролниот удел во EMI
Објавено на од во hi-tech & business

Sony го купил контролниот удел во издавачката куќа EMI Music Publishing за 2,3 милијарди долари, со цел засилување на своето музичко портфолио, а трансакцијата значи дека јапонскиот технолошки гигант посредно ќе поседува околу 90% од компанијата и нејзините околу 2 милиони песни.

EMI, со седиште во Лондон, моментално е сопственост на конзорциумот што го предводи Sony, а е една од најголемите светски компании за издавање музика. Sony веќе поседува 2,3 милиони музички авторски права, вклучувајќи го и каталогот на The Beatles. Договорот со јапонската компанија значи дека EMI ќе стане консолидирана подружница на Sony.

„Воодушевени сме што EMI Music ќе стане дел од семејството на Sony, и ќе ја задржи нашата водечка позиција во индустријата на издавање музика“, изјави денеска претседателот и извршен директор на компанијата, Кеничиро Јошида. Тој изјави дека бизнисот со музика доживеал препород во изминативе неколку години, претежно поттикнат од растот на претплатите на сервисите за стриминг.

„Во светот на забавата сме фокусирани на изградба на силно портфолио на интелектуална сопственост, а верувам дека оваа аквизиција ќе биде особено важен чекор во обезбедување на нашиот долгорочен раст“, изјави Јошида.

Договорот за купување на контролниот удел во EMI е дел од плановите на јапонската компанија за реорганизација на работењето, толкуваат аналитичарите. Sony во април објави дека во 2017 година остварил нето добивка од 380 милијарди јени, седум пати повеќе во однос на 2016. Скоро сите оддели на компанијата оствариле подобри резултати, но притоа особено се истакнал PlayStation, со скок на продажбата од скоро 300%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×