Sony излегува од бизнисот со телевизори и телефони
Објавено на од во hi-tech & business

Јапонската корпорација Sony ја објави стратегијата според која во следните три години очекува раст на оперативниот профит од 25% во секторот на камери со сензор и PlayStation, а која подразбира излегување од бизнисот со телевизори и паметни телефони.

Казуо Хираи, извршниот директор на Sony изјави дека компанијата нема повеќе да се фокусира на раст на продажбите во делот на паметни телефони каде што има голема конкуренција од евтините азиски ривали, но и од лидерите во оваа индустрија како Apple иSamsung Electronics.
Наместо тоа Sony планира да се фокусира кон попрофитабилни бизниси како што се сензорни камери, видео игри и забавни игри.
“Стратегијата која што стартува од следната бизнис година ќе се фокусира на создавање профит и инвестиции за раст”, изјави Хираи, додавајќи дека одделите за телевизори и паметни телефони најверојатно ќе бидат продадени.
Sony во изминативе неколку години се соочува со загуби во работењето заради што мораше да направи повеќе стратешки промени и кратења на трошоците.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×