Познатиот американски инвеститор Џорџ Сорос пред неколку дена откри дека двојно ја зголемил својата опклада за пад на американскиот индекс S&P 500м во кои влегуваат акциите на најголемите американски компании. Неговата компанија Soros Fund Management објави во известување до Комисијата за берза и хартии од вредност (SEC) дека во првите три месеци годинава поседувала 2,1 милион “put” опции на SPDR S&P 500, берзански фонд (ETF) кој го прати движењето на овој индекс.
На крајот на четвртиот квартал минатата 2015 година, фондот на Сорос поседувала милион “put” опции на ЕТФ, пренесува CNBS.
“Put” опциите мудаваат право на нивниот сопственик да ги продаде акциите по одредена цена на одреден датум и се сметаат за опклада за пад.
Дека инвеститорот, кој се стекна светска слава со рушењето на британската фунта пред 24 години, не верува премногу во американските акции покажува и податокот дека ги намалил вложувањата во нив за дури 37%.
Меѓутоа, интересно е дека Сорос повторно се врти кон инвестирање во злато, од кое бегаше речиси три години наназад, нарекувајќи го “ултимативен балон”. Во најголемиот светски индекс кој го прати движењето на златото, SPDR Gold Trust, Сорос се стекнал со 1,05 ”call” опции вредни над 123 милиони долари. “Call” опциите, пак, даваат право за купување по одредена цена на одреден датум. Освен опциите за злато, Сорос се стекнал и со удел од 1,7% во компанијата за производство на злато Barrick.
За потсетување цените на златото во текот на првото тромесечие скокнаа за 16%, што е најголем квартален скок од 1986 година наваму.