Сорос: Можеби одиме кон уште една голема финансиска криза
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

George SorosРастечкиот долар и одливот на капитал од земјите во развој може да доведат до уште една голема финансиска криза, вели инвеститорот Џорџ Сорос, предупредувајќи дека Европската унија се соочува со неизбежна егзистенцијална закана.
“Прекинувањето” на нуклеарниот договор со Иран и “уништувањето” на трансатлантскиот сојуз помеѓу ЕУ и САД, ќе имаат негативен ефект врз европската економија и ќе предизвикаат други пореметувања, вклучително и девалвирање на валутите во некои од земјите во развој, изјави Сорос во својот говор во вторникот во Париз. “Можеби одиме кон уште една голема финансиска криза”, смета Сорос.

Острите предупредување од милијардерот и инвеститор Сорос доаѓаат во време кога италијанските обврзници се искачија на повеќегодишниот максимума, а големите економии во развој, вклучително и Турција и Аргентина, се обидуваат да го спречат можниот банкрот предизвикан од растечката инфласија.

“Сè што можеше да тргне наопаку, тргна наопаку”, рече тој, наведувајќи ги како причини бегалската криза и политиките за штедење кои ги катапултираа популистичките партии на власт, како и “територијалната дезинтеграција” посочена преку Брегзит.
“Повеќе не е фигуративен говор да се каже дека Европа е во егзистенцијална опасност, тоа е суровата реалност “, рече тој.

Еден од лековите кои Сорос ги предлага за болките со кои се соочува ЕУ е формирање на Маршаловплан за Африка финансиран од ЕУ, вреден околу 30 милијарди евра годишно, што ќе ги олесни миграционите притисоци кон континентот.
Тој, исто така, предложи радикална трансформација на ЕУ, вклучително и напуштање на клаузулата со која се принудуваат земјите-членки да го воведат еврото како единствена валута.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×