Сорос во Давос ги нападна Трамп, Путин, Facebook, биткоинот …
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот мултимилијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос, вчера во Давос, на Светскиот економски форум, ги нападна администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, социјалните мрежи, биткоинот …

За администрацијата на Трамп, Сорос рече дека е „опасност за светот“.

Русија под власт на Владимир Путин ја нарече „мафијашка држава“.

Сорос ги нападна Facebook и Google како „постојано сѐ помоќни монополисти“, што би можеле да паднат во искушение да се поврзат со „авторитарни режими“ поради создавање „тоталитарна мрежа што не би можеле да ја замислат ниту Олдос Хаксли и Џорџ Орвел во своите романи „Храбар нов свет“ и „1984““.

„Давос е добро место да се објави дека нивните денови се одбројани“, изјави Сорос.

На прашање за биткоинот, милијардерот одговори дека „тоа не е валута“, коментирајќи го неговиот чест раст како „типичен меур од сапуница“. Сорос, сепак, не верува во нагол пад на биткоинот, туку во постепен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×