Состанок во грчкото МНР за Меѓународната група на експерти за трговските ознаки
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Меѓународната група на експерти да се активира колку е можно побргу, најдоцна до средина на мај, побарала алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу.
FYROM-Dispute1-Присутните на состанокот во грчкото МНР за групата која ќе треба се формира и да ги разгледа прашањата поврзани со трговските ознаки, согласно предвиденото со Договорот од Преспа, ќе ја дефинираат Меѓународната група ќе учествуваат експерти за меѓународно трговско право, ознаки и имиња.
На состанокот, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, присуствувале претставници на надлежните министерства за надворешни работи, економија и развој и земјоделски развој и храна, како и претставници на Организацијата за индустриска сопственост, Организацијата за интелектуална сопственост, Органот за контрола на храна (ЕФЕТ) и Грчката земјоделска организацијата ЕЛГО-Димитра.
„Веќе во следниот период, ќе има детални информативни белешки што ќе го покријат целиот спектар на прашања што се однесуваат на трговските имиња (commercial names), на трговски марки и имиња на брендови (trademarks и brandnames)“, соопштуваат од грчкото МНР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×