Социјалното претприемништво е во зародиш, неопходна законска регулација за побрза равој
Објавено на од во Економија
Во Македонија и земјите од Западен Балкан социјалното претприемништво е во зародиш. Се уште нема дефиниција што е социјално претпријатие ниту пак законска рамка која го уредува ова прашање.
социјално претприемништво изјаваЗа разлика од овде, во Европската унија околу 10% од економијата ја сочинуваат токму социјални претпријатија што се развивале изминатите децении.
„Социјалното претприемништво во Македонија е во зародиш. Тоа има за цел да поттикне економски активности кои имаат социјална вредност односно решаваат определени општествени проблеми, како што е се уште најгорливиот, а тоа е проблемот со невработеноста, особено на најранливите категории лица“, рече Марија Ристеска извршен директор на ЦИКП, додавајќи притоа дека овие претпријатија обезбедуваат и дополнителни социјални услуги потребни во заедницата.
Таа вели дека иако има политичка волја и одредена финансиска поддршка, што за социјалните претпријатија се дава во рамки на активните мерки за вработување, сепак е потребна законска рамка која ќе го регулира ова прашање за да може ваквиот тип претприемништво да се развива.
„Сите финансиски и политички мерки за поддршка не се доволни доколку нема законска рамка за социјално претприемништво бидејќи не може да се утврди која компанија или организација е социјален претприемач и на основа на тоа да биде корисник на овие услуги“, посочи Ристеска на завршниот настан од проектот „Смарт Старт: Одржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” .
Таа вели дека постои волја кај власта ова прашање да се регулира и се надева дека тоа наскоро ќе се случи и ваков закон ќе биде донесен. Додава дека постои и волја да се промени и системот на јавни набавки и одреден процент да се доставуваат од социјалните претпријатија.
„Во моментов околу 10 посто од економијата ја чинат социјалните претпријатија. За разлика од ЕУ на Западен Балкан и во Турција нема дефиниција за социјално претприемништво“, рече тој.
Додаде дека во рамки на регионалниот проект, што се спроведува последните четири години и е финансиран од ЕУ, почнале да работат 60 нови претпријатија по правила на социјалното претприемништво.
Проектот е поддржан од Европска Унија, а го спроведува Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП).
Дамир Зековиќ од БиХ, кој е регионален координатор на проекотот потенцира дека земјите од Европската унија веќе со децении работат на овој модел и законски рамки кои го поддржуваат развојот на социјалните претпријатија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×