Совет за безбедност на РМ: Можно е поставување жичена ограда и во Македонија, ако другите земји го намалат протокот на мигранти
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Доколку има тренд другите земји да го намалат бројот на мигранти кои ќе ги пуштаат преку нивните граници, и Македонија, како крајна мерка, може да постави барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно, заклучи Советот за безбедност на Република Македонија на синоќешната седница, која беше свикана од претседателот Ѓорге Иванов поради безбедносната состојба поврзана со терористичките напади во Париз и случувањата во врска со бегалците.

Советот за безбедност најостро ги осуди терористичките напади и изрази длабоко и искрено сочувство до граѓаните на Франција.

Во врска со заканите од насилниот екстремизам и странските терористички борци, констатирано е дека институциите на Македонија редовно преземаат мерки и информираат.

За евентуалното поставување жичена ограда, Советот за безбедност ја задолжи Армијата на Републија Македонија веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот.

Советот потенцира дека поставувањето на оградата не би било во насока на затворање на границата, туку за канализирање и ограничување на протокот, во согласност со бројот на мигранти што ќе го прифатат државите во Европа кон кои тие се упатуваат.

На седницата на Советот за безбедност, покрај шефот на државата Иванов, присуствуваа и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана и за внатрешни работи, Зоран Јолевски и Оливер Спасовски, како и членовите на Советот, Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

На покана на претседателот Иванов, на седницата присуствуваа и раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Никола Тодоров, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбдност, Горанчо Савовски, раководителот на сектор во Службата за воена безбедност и разузнавање Фердинанд Оџаков, и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×