Советот на јавни обвинители го прифати предлогот за разрешување на Зврлевски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Советот на јавни обвинители го прифати владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Минатиот понеделник Владата реши да поведе постапка за разрешување на Зврлевски со образложение за незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

Според процедурата, Советот на јавните обвинители мислењето за разрешување на Зврлевски треба да го врати до Владата, а предлогот за разрешување да го испрати до Собранието. Собранието може да го разреши Зврлевски со мнозинство од 61 глас, а потоа да распише оглас за избор на нов Јавен обвинител.

Советот на јавни обвинители денеска со мнозинство од 8 гласа „за“ и само еден „против“, на претседателот Петар Аневски, го поддржа барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На седницата не присуствуваа членот Зоран Сулејманов и јавниот обвинител Марко Зврлевски.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×