Советот на јавни обвинители треба да назначи в.д. на местото на Зврлевски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која треба да назначи вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски. Седницата требаше да се одржи на 24 април, но поради немање кворум беше презакажана за денеска.

Претседателот на Советот, Петар Аневски, тогаш изјави дека за в.д. шеф на Јавното обвинителство на РМ ќе биде избран обвинител од редот на постојните јавни обвинители во Обвинителството, кој времено ќе ја извршува функцијата до избор на нов јавен обвинител.

„Во Републичко обвинителство имаме доволен број на квалитетни кандидати, кои ќе можат да ја вршат таа функција“, истакна Аневски.

Посочи дека во моментот Зврлевски, кого Собранието на 17 овој месец го разреши од должноста,  го менува обвинителката Лилјана Спасевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×