Во отсуство на нов список од седум нови обвинители и образложение зошто и се неопходни 14 обивнители во специјалното обвинителство, Советот за јавни обвинители на која требаше да се разгледува дописот на специјалната обвинителка Катица Јанева за доизбор на 14-члениот тим е одложена, а претседателот Петар Аневски го повтори претходно донесената одлука- дека на специјалната обвинителка доволен и е тим од 7 члена.
Според Советот, специјалното обвинителство засега има 28 предмети кои треба да ги разгледува и според нив, доволен е веќе одборениот тимот.
По денешната седница, која траеше околу половина час, Аневски порача дека за зголемување на бројот на помошници, Јанева ќе треба да достави ново барање и образложение. Нема претпоставка кога ќе биде новата седница на која повторно ќе се разгледува барањето на Јанева.