Спасовски: Минимални плати ќе добијат само функционерите
Објавено на од во Економија
За приватните фирми погодени од кризата за месеците април и мај ќе им се помогне во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, под одредени услови.
oliver-spasovski-pres-vlada-8923893892
Сите избрани и именувани функционери за месец април и мај ќе земат минимална плата од 14.500 денари, рече денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, на презентацијата на вториот сет економски мерки за справување со кризата поради коронавирусот.
 Ова значи дека претседателот на државата,  премиерот, министрите, директорите, градоначалниците и останатите функционери два месеци ќе земаат минимална плата, а сите именувани членови на управни и надзорни одбори, како и на општинските совети два месеци нема да земаат никаков надоместок. На вработените во јавниот сектор не им се намалува платата, речеСпасовски.
За приватните фирми погодени од кризата за месеците април и мај ќе им се помогне во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, под одредени услови. Алтернативна мерка е 50% субвенции на придонеси за вработените во приватни фирми.
„Оние фирми кои ќе аплицираат да добијат субвенција за минимална плата за вработените не смеат да отпуштат вработени, да не исплаќаат дивиденди, бонуси и награди, и да имаат 30% намалување на прометот во споредба со лани. Со минимална плата ќе се субвенционираат и сите спортски работници во спортски здруженија, како и самостојните уметници, а граѓаните кои останале без работа ќе добиваат 50% од платата во зависност од стажот“, рече Спасовски.
Месечен надоместок од 7.000 денари ќе добиваат лицата од неформалната економија, а извршувањето ќе биде стопирано до крајот на јуни.
Спасовски кажа дека вториот пакет економски мерки за справување со кризата е донесен во широка консултација со членовите на Економскиот совет формиран за оваа цел, со стопанските комори и врвни економски аналитичари и угледни бизнисмени. За спроведување на мерките ќе бидат потребни 200 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×