Спасовски: Не ни е целта да владееме со Груевски, туку да ја контролираме власта
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Spasovski„Моите приоритети се да се релаксираат граѓаните на Македонија. Да не се чувствуваат исплашени и под притисок, да ја релаксираме воопшто состојбата во државата, зашто само така, со слободни граѓани, можеме да имаме слободна држава што ќе може да носи сериозно одлуки за иднината на Македонија“, изјави кандидатот што СДСМ го предложи за нов министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција во Гостивар, каде што опозициската партија го промовираше својот проект „Визијата за Македонија“.

На новинарско прашање за тоа дали ќе има кадровски промени во Министерството откако тој ќе го преземе ресорот, Спасовски одговори дека целта не е да ја делат власта со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ниту да креираат политики во ситуација на техничка влада, туку да бидат контролен механизам што ќе спречи злоупотреби.

„Целта мене и на СДСМ не ни е да владееме со Груевски и со ДУИ, туку да бидеме контролен механизам, и во тој дел сакам во Министерството сите да бидат релаксирани. Нема да влезам во МВР, исто така, и нашите министри во другите министерства, за да разрешуваме и креираме политики. Ние сакаме да бидеме контролор на оваа власт и секој од министрите да создаде минимум тим за да може да работи“, изјави Спасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×