Спасовски: Некоординираност на институциите при справување со криминалот претставува проблем во државата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
За да се сузбијат појавите на криминал и корупција во државата мора сите институции да го дадат својот максимум. Проблемот при сузбивање на криминалитетот на државата е во тоа што не може лица приведени како осомничени извршители на кривични дела, откако ќе бидат изведени пред суд потоа воопшто да нема напредок, истакна денеска во Вевчани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Oliver-Spasovski-min-za-vnatresni-15-bg_resizeОдговарајќи на прашање во врска со случајот во Ваксинце кога во куќа беа пронајдени 81 мигрант, Спасовски појасни дека полицијата постапила согласно овластувањата, притоа апелирајќи до другите институции да го дадат максимумот во постапувањата.
„Доколку сакаме сериозна борба против криминалот и корупцијата, мораме сите институции да го дадеме максимумот, од поведување постапки, одредување мерки на претпазливот. Ние го приведовме сопственикот на куќата, а потоа дали било постапено од судот не е надлежност на МВР, тоа е ингеренција на обвинителството, судството. Оттаму апелирам заеднички како институции да го дадеме максимумот“, рече Спасовски, кој беше во работна посета на Општина Вевчани.
Прашан за бекството на лицето осудено за убиство на Мартин Нешковски, кој како осуденик не се вратил во казнено-поправната установа откако бил пуштен привремено на слобода, Спасовски минформира дека потрагата по лицето Игор Спасов почнала откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа.
„При издржувањето затворска казна МВР нема никаква надлежност, тоа е под Министерството за правда, КПД ги донесуваат одлуките по нивни проценки што треба да соодветствуваат на соодветни сознанија дали и во кои услови затворени лица треба и може да бидат привремено пуштани на слобода“, рече Спасовски,
Тој посочи дека општеството не може да се справува со криминалот со ноншалантно однесување на институциите, независно дали се работи за обвинител, судија или раководител на КП установа.
Министерот Спасовски денеска беше во работна посета на охридско-струшкиот регион, при што ги посети Езерската полција во Охрид, граничната станица во Свети Наум, а се сретна и го градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×