Спасовски: Нема да амнестирам никого, па дури ни самиот себе!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

spasovski-oliverБез да посочи детали околу истрагата во врска со фалсификуваните лични карти, со цел, како што рече,  да не влијае во работата на јавното обвинителство, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави професионална истрага во која, како што рече, нема да амнестира никого, па дури ни самиот себе.

„Истрагата е комплексна, повеќеслојна и чувествителна. Одредени сознанија наскоро ќе бидат обелоденети, но засега не е во интерес на истрагата да се објавуваат детали. Истрагата ќе покаже за што биле употребени овие лични исправи, и ќе одговара секој кој се огрешил пред законот“, рече тој.

Тој додаде дека чуди што Министерството за внатрешни работи повеќе од една година ја игнорирало аферата за фалсификатите и посочи дека на документите е видлив датумот на нивно издавање, 2009 до 2014 година.

„Кога овие работи се игнорираа како да не постојат, јас веднаш по моето доаѓање започнав истрага по пријавата на неделникот „Фокус“. Обрнете посебно внимание на ноторниот непобитен факт на датумот на издавање на личните карти. Наведените имиња и броеви се точни и нема бегање од фактот дека се злоупотребени идентите на граѓаните. Само државните институции поседуваат вакви податоци. Ова е уште еден доказ и потврда за напишаното во извештајот на Прибе дека институциите се корумпирани и кримогени “, изјави Спасовски.

Во врска со неговите контакти со приведените лица од аферата, министерот рече дека има контакти со многу граѓани и дека тоа нема да амнестира никога, па дури ни него.

„Имам контакт со многу граѓани на Република Македонија и од оваа позиција и од претходната и тоа не е важно. Се води истрага против секој кој направил криминал, или е осомничен. Тоа со кого јас сум контактирал, не амнастира никого, ниту мене. Контакти се можни од секаков аспект, но тоа не амнестира никого. На тоа укажува и самата истрага која се води во МВР“,  изјави министерот додавајќи дека истрагата не е завршена и дека ќе следат многу нови моменти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×