Спасовски: Подготвени сме за евентуален нов бран мигранти, но засега нема индиции за тоа
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Како држава сме подготвени во делот на евентуално зголемување на бранот на мигранти. Ставот на Владата е истиот што сме го имале и досега и тука немаме промена во однос на тоа дека имаме два транзитни центра низ кои поминуваат мигрантите. Апсолутно ќе ја почитуваме политиката на Европската унија во однос на справување со евентуална мигрантска криза.
OLIVER2Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање дали земјава е подготвена за можноста од Турција да биде пуштен нов бран мигранти.
„Засега се уште немаме индиции дека може да дојде до зголемување на бројот на мигранти. Сметам дека Европската унија треба сериозно да остане на спроведувањето на договорот со Турција ако сакаме навистина да не ни се случи нов мигрантски бран“, нагласи Спасовски и додаде дека тоа е работа што мора да ја завршат челниците на Европската унија и на Турција.
Министерот Спасовски, по денешната оперативно-тактичка вежба „Плен“ во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, потенцира дека Владата ги следи тие политики, и пред се работи на заштита на нашата држава и нашите граѓани, а со тоа придонесува за безбедноста на целиот регион. Нагласи дека од круцијално значење при вакви сериозни предизвици е координацијата, меѓусебната размена на информации и спроведувањето на заедничката политика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×