Специјален прилог “Јубилејна 20. Годишна конференција на Македонска берза“
Објавено на од во АНАЛИЗА
Пазарот нуди повеќе опции за прибирање капитал
makedonska-berza-slikaМакедонските компании кои имаат солидни бизниси и стабилен развој главно се насочени кон финансирање на своите развојни проекти преку банките. Примарниот пазар на хартии од вредност кај нас никогаш не доживеа посебна експанзија. Вистински иницијални јавни понуди, проследени со трансформација на приватните во јавни акционерски друштва сѐ уште не се регистрирани. Зошто е ситуацијата ваква и што допрва ќе се случува на македонскиот пазар на капитал за да се помрднат работите од мртва точка беше повторно во фокусот на дискусиите на првиот панел на годинешнава Берзанска конференција.
Дали 2019 година за Македонската берза може да биде година на обврзниците? Дали фактот што континуираните државни обврзници започнаа да котираат на Македонската берза, во декември минатата година претставува нов квалитет за овој инструмент како и поголем интерес на инвеститорите за вложување во него? Како Македонската берза, по две децении, ја доби првата котација на корпоративни обврзници?На 20. Годишна конференција на Македонска берза вториот панел беше посветен токму на овие теми, обврзниците, односно, се дискутираше каква е иднината на овој пазарен сегмент.
Повеќе за ова, на 16 страници, може да прочитате во специјалниот прилог посветен на јубилејната 20. Годишна конференција на Македонската берза, што ќе излезе во рамки на следниот број на магазинот Капитал на 19.04.2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×