Специјалното обвинителство на чело со Јанева од денес официјално почнува со работа
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

132804255Специјалното обвинителство, на чело со специјалната обвинителка Катица Јанева од денес почнува со работа. Јанева ќе работи со својот тим, кој место првично предложените 14-те обвинители, ќе брои 12.

Ваквата одлука дојде откако во неколку наврати Советот на јавни обвинители не сакаше да и го одобри целиот тим на обвинителката. На крај, одлуката беше донесена по преговори меѓу Јанева и Советот, но и барање кои четирите партии вклучени во преговороти испратија апел до Советот да и го одобри целиот тим на обвинителката.

Според Договорот од Пржино, Специјалното обвинителство ќе ја истражува одговорноста за скандалот со прислушувањата, но и содржината на прислушуваните разговори.

Претходно Собранието, без дискусија го одобри и Буџетот на специјалната обвинителка. Според проекцијата од Министерството за финансии, буџетот со кој ќе располага обвинителката Катица Јанева е во износ од еден милион евра.

Во првото интервју што го даде Јанева откако беше избрана (за 24 Вести), рече дека не чувствува притисок за ниту еден предмет, и оти ќе пристапува непристрасно, исклучиво според критериумот на струката.

„Секој збор што ќе влезе во специјалното обвинителство ќе биде на адекватен начин анализиран законски, и очекувам голема меѓународна поддршка во откривање на фактичката состојба. Дали тоа ќе му се допаѓа некому или не, тоа ќе оставиме времето да покаже“, рече тогаш Јанева.

Во однос на предметите и од каде ќе почне работата на Јанева, дел од експертите сметаат дека таа и нејзиниот тим ќе почнат од најзрелиот случај според нивна проценка, односно најдобро индицираниот во материјалите на „бомбите“.

„Во однос на случаите со кои специјалниот обвинител ќе се зафати, сметам дека ќе зависи од тоа кој од случаите колку е зрел, и, според тоа, колку може да се одработи. Очекувам дека ќе се направи добар план и дека ќе има ефект од тоа“, изјави претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева.

Инаку, еве како законот ги дефинира дел од функциите на обвинителката:

-          Функцијата Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство ќе биде извршувана од Јавен Обвинител лично и јавните обвинители избрани во Јавното Обвинителство кои му/и помагаат.

-          Јавниот Обвинител ќе предложи листа на кандидати до Советот на Јавни Обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во Јавното Обвинителство. Советот ќе ги избере јавните обвинители во Јавното Обвинителство на седница на која се присутни најмалку 2/3 од вкупниот број на членови, при што има мнозинство од гласови од членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.

-          Јавните обвинители од став (2) од овој член немаат право да донесуваат наредби и обвиненија, а имаат право да го застапуваат Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство пред надлежниот суд.

-          Мандатот на јавните обвинители од став (2) од овој член нема да го надмине мандатот на Јавниот Обвинител.

-          Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство може да основа истражен центар согласно Законот за Кривична Постапка

-          Специјалниот Јавен Обвинител може да основа специјализирани одделенија во своето Обвинителство, вклучувајќи и тие кои имаат обвинители кои ќе застапуваат по предмети пред апелационите судови и пред Врховниот Суд.

-          Јавниот Обвинител на Република Македонија и Советот на Јавни Обвинители немаат право да распределат јавни обвинители од Јавното Обвинителство во други обвинителства без писмена согласност на Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство.

-          Специјалниот Јавен Обвинител може да вработи стручни соработници, експерти, советници, истражиели и административен персонал да работи во истражниот центар.

-          Сите тела за спроведување на закони и Јавното Обвинителство на Република Македонија ќе обезбедат помош по барање на Јавното Обвинителство, согласно Законот за кривична постапка.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×