Од 1 октомври за Србија се отвора нов пазар од 180 милиони луѓе за безцаринска трговија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската унија ќе биде потпишан на 1-ви октомври во Сочи.

србијаОва беше договорено во Санкт Петерсбург од страна на вицепремиерот и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ и министерката за трговија на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) Вероника Никишина.

Никишина го информираше Љајиќ дека е добиена согласност од сите земји-членки на Евроазиската унија, што претставува одлучувачки чекор кон конечното потпишување на овој договор, објави Министерството за трговија.
Во септември е планирано да се одржи бизнис форум на бизнисмени од Србија и земјите членки од Евроазиската унија со цел да се запознаат подобро со предностите кои ги носи овој Договор.

Договорот за слободна трговија со Евроазиската унија на Србија и овозможува пристап до пазар од 180 милиони луѓе. Во Евроазиската унија членуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерманија и Киргистан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×