Според доверлив документ на Deutsche Bank набрзо ќе бидат отпишани 200 милијарди од грчкиот долг, што секој од Еврозоната ќе го чини 700 евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Простувањето на 200 милијарди евра од грчкиот долг е неизбежно, и тоа веќе пред крајот на годината, се вели во доверлив документ на Deutsche Bank што го објави германскиот таблоид Bild.   Извештајот што веднаш го пренесоа грчките медиуми вели дека грчкиот долг до крајот на годината ќе стигне до 340 милијарди евра, од кои 200 мора да се отпишат за истиот да стане одржлив. Според документот, пресметките се дека секој граѓанин на Еврозоната овој отпис ќе го чини 700 евра. Deutsche Bank оценува дека не постои начин Грција сама да може да си ги плати долговите.

„Грчката економија е скршена. Државната потрошувачка е преголема, а инвеститорите ги нема. Отписот е економски неизбежен“, коментира по поводот директорот на Центарот за европска политика, Лудер Геркен.

„Единствена програма за рехабилитација што би функционирала е Grexit, а дури и тогаш закрепнувањето на грчката економија би траело години“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×