СПЦ покажа дека е притисната од РПЦ за обновување на преговорите со МПЦ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Српската православна црква се огласи по случувањата што произлегоа од посетата на Претседателот на одделот за надворешни црковни врски на Московскиот патријархат, митрополитот волоколамски, Иларион, на Скопје. Во соопштението потпишано од портпаролот на СПЦ, епископот бачки, Иринеј, се изразува „длабока благодарност на сестринската Руска православна црква, на неговата светост патријархот московски, Кирил, и на митрополитот Иларион, за братската љубов и соработка, како и за вложениот голем труд и напор во служба на канонскиот поредок и на црковното единство, како и за ослободувањето на археписокопот Јован“.

Македонската православна црква безмалку не е спомената, но, затоа во соопштението два пати ја има Македонија, која за епископот Иринеј е „БЈР Македонија“. Заклучокот е недвосмислен – како што претходно напиша „Капитал“, СПЦ била притисната од Руската православна црква конструктивно да се постави во дијалогот со МПЦ, ако Руската православна црква издејствува ослободување на Јован. Во последното соопштение на СПЦ, очигледни се фрустрациите на влијателните структури на црковен Белград кои припаѓаат на таканареченото „грчко крило“ (тука спаѓа и епископот бачки), а кои се сомничат дека одработуваат за Грците, во контекст на спорот за името што Македонија го има со Грција. Зашто овие структури тешко дека би можеле да ѝ се спротистават на волјата на Русите, за кои важи аргументот – да се ослободи Јован, но, не и – проблем е името Македонската православна црква.

За потсетување, своевидниот министер за надворешни работи на Руската православна црква, митрополитиот Иринеј, во Скопје оствари четири клучни средби (на највиско ниво) – со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорѓе Иванов, со архиеписокопот на МПЦ, Стефан, и со неговиот колега од Православната охридска архиепископија, Јован Вранишковски. Иларион допатува во Македонија за да ги охрабри оние кои имаат моќ да го овозможат пуштањето на Јован од затвор, како појдовна точка за да се придвижат работите во македонско-српскиот црковен спор. Одговорот веднаш го даде Синодот на МПЦ од кадешто по вонредната седница соопштија дека „раководени од духот на човекољубието, а поради повисоки цели, ги повикуваме надежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој, покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови не треба да биде лишен од надежта за милосрдие“.

 

One thought on “СПЦ покажа дека е притисната од РПЦ за обновување на преговорите со МПЦ

  1. Зошто новинарите сакаат да остават впечаток дека имаат поголема грижа за народов и за Црквата, од самите епископи на МПЦ, кои веќе дале изјава каква што дале(како што впрочем еднаш и го потпишале договорот од кој се повлекле по “душегрижните” написи на колегите на Ристески)?

    Сака ли господинот Ристески(и нему сличните) да помогне во ситуацијата за решавање на спорот, или само да потпалува непотребни сомнежи кај народот?!

    Најискрено молам за одговор!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×