Србија без царина ќе извезува возила, сирење, шеќер и месо во Евроазиската унија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
vucic_u_moskvi WEB 01На Србија, секако, најмногу би ѝ значел бесцаринскиот извоз на автомобилите Fiat на големиот евроазиски пазар од 180 милиони потрошувачи; уште повеќе откако во Крагуевац поради лошата продажба на моделите што таму се произведуваат е затворена една цела смена и отпуштени се околу 700 работници

Кон крајот на минатата седмица почнаа официјалните преговори за склучување договор за слободна трговија меѓу Евроазиската унија, што ја чинат пет земји – Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, со Србија. Белград веќе има поединечни договори за слободна трговија со три членки на Евроазиската економска унија – со Русија, со Белорусија и со Казахастан, а со Ерменија и со Киргистан за привилегиран режим на трговија.

Кога ќе завршат преговорите, Србија ќе потпише нов договор со Унијата како целина. На Србија, секако, најмногу би ѝ значел бесцаринскиот извоз на автомобилите Fiat на големиот евроазиски пазар од 180 милиони потрошувачи; уште повеќе откако во Крагуевац поради лошата продажба на моделите што таму се произведуваат е затворена една цела смена и отпуштени се околу 700 работници. Се очекува дека преговорите за слободна трговија меѓу Евроазиската унија и Србија ќе завршат до крајот на годината.

Белорусите ги сакаат српските овошје и зеленчук

Според зборовите на амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин, економската соработка меѓу Србија и Русија мора да се удвои, а разговорите со претставниците на српските локални власти се со големо значење бидејќи соработката треба да почне токму од тоа ниво, за потоа на ниво на влади да бидат постигнати бројни договори.

main WEB 01

Претседателите на Белорусија, Казахстан и Русија, три од петте членки на Евроазиската унија

Амбасадорот на Белорусија во Србија, Владимир Чушев, вели дека неговата држава, кога станува збор за економската соработка, е многу присутна во Србија.

„Имаме неколку погони за склопување на белоруска техника, а во Крагуевац се склопуваат автобуси со мотори на гас што се европско-српски-белоруски производ“, изјави Чушев. Тој додава дека Белорусија увезува овошје и зеленчук од Чачак, српскиот град што го посетил заедно со рускиот амбасадор, и дека овие овошје и зеленчук одговараат на барањата на белорускиот пазар, бидејќи, како што наведува амбасадорот, „белорускиот потрошувач бара квалитетни производи“.

„Очекуваме дека го крајот на годината ќе биде потпишана таканаречената мапа на патот, односно планот за соработка и за важните манифестации и активности за следните неколку години’, вели Чушев, повикувајќи ги српските претприемачи да бидат поактивни како на локално, така и на централно-владино ниво.

Развој на лесна индустрија во Чачак

Парламентарниот застапник од Чачак, Драгомир Кариќ, изјави дека разговорите со претставниците на земјите од Евроазиската унија се „ветар во грб“ за Србија и доказ дека во Чачак, но и во другите градови од Србија ќе дојдат инвестиции не само од Русија и од Белорусија, туку и од целиот евроазиски сојуз.

Градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ, истакна дека соработката на Русија и на Белорусија со Србија не треба да се сведе само на размена на гас и на нафта од една страна, и на овошје и зеленчук од друга (страна), туку оти е потребно да се почне со развој на лесна индустрија по која Чачак бил препознатлив.

Истовремено во Белград, српскиот министер за трговија, за туризам и за телекомуникации, Расим Љајиќ, рече дека веќе не гледа политички пречки за извоз на автомобилите Fiat на рускиот пазар во бесцарински режим.

„Досега пречка во извозот на Fiat автомобилите на рускиот пазар беше ставот на Казахстан кој го штитеше своето домашно производство. По посетата на делегацијата од Казахстан на Србија од пред два месеци, оваа блокада е отстранета на некој начин; имаме позитивна политичка клима, и не гледам политички пречки тоа да се случи“, рече Љајиќ.

Надежта за Крагуевац

Според зборовите на Љајиќ, преостанува техничката фаза од разговорите во која се расправа за потеклото на стоките и на суровините на одредени производи што ќе се најдат на пописот што Србија сака да ги извезува на евроазискиот пазар без царина. Тој додава дека се надева оти и Fiat ќе влезе во овој бесцарински режим.

Како што порано беше најавувано, станува збор за контингент од 5.000 или 10.000 возила што би биле пласирани во Русија и во другите евроазиски земји, а за возврат, без царина ќе се продаваат руски возила во Србија.

„Сакаме и Fiat и некои видови сирење, цигари, шеќер и месо да бидат на пописот производи што без царина ќе се продаваат на евроазискиот пазар“, додава министерот Љајиќ. Според неговото објаснување, кога станува збор за Договорот за слободна трговија што Србија го има со Русија, веќе 99% од производите се во бесцарински режим. Инаку, во Русија работат околу 10.000 граѓани на Србија. Во првите единаесет месеци од 2014 година дозвола за работа имале околу 9.500 Срби; повеќето од нив во градежништвото.

Амбициите на Евроазиската економска унија 

Договорот за основање на Евроазиската економска унија (EAUE) на 29 мај 2014 година го потпишаа претседателите на Русија, на Белорусија и на Казахстан, а со него се предвидуваше слободно движење на стоките, на услугите, на капиталот и на работната сила меѓу земјите потписнички. На Договорот подоцна се придружија Ерменија и Киргистан. Договор за слободна трговија Евроазиската економска унија веќе потпиша со Виетнам, а се преговара и со Израел, со Индија, со Египет и со Иран. Особено е важна соработката со Кина – пред сѐ поврзувањето на EAUE со проектот Економски појас на Патот на свилата.

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×