Србија денеска отвара уште две поглавја во преговорите за членство во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

VUCIC I MOGERINIСрбија денеска на Меѓувладината конференција Србија-ЕУ која се одржува во Брисел ќе отвори уште две нови поглавја. Станува збор за поглавје 6 за правата на трговските друштва и за поглавје 30, кое се однесува на економските односи со странство. Со тоа бројотна поглавја кои Србија ги отвори годинава во претпристапните преговори со ЕУ ќе изнесува шест, а вкупно досега се отворени 12 поглавја, од кои две се привремено  затворени.

Србија во претпристапните преговори со ЕУ треба да отвори и да затвори вкупно 35 поглавја, од кои клучни за напредокот на патот кон ЕУ се сметаат поглавјата 23 и 24 за владеење на правото и поглавјето 35 во кое клучно ќе биде решавање на проблемот со Косово.

Во рамки на поглавјето 6 се разгледуваат прашања поврзани со основање и извршување на активностите на деловните друштва во членките на ЕУ, вклучувајќи ги правилата за основање, регистрација, извршување на дејност, домашни и прекугранични спојувања на деловните субјекти.

Со ова поглавје се опфатени и прашања поврзани со сметководство и ревизија, а со усогласување на законодавствата во оваа област со правните текови на ЕУ се создаваат услови кои на компаниите во Србија ќе им овозможи поголема конкурентност и еднаков третман на пазарот во ЕУ.

Поглавјето 30 се однесува на прописите кои се применуваат на надворешната трговија, вклучувајќи ги царините, обврските од членството во СТО, како и обврските од трговските договори на ЕУ со трети држави.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×