Србија договорила извоз од 888 милиони долари за оружје и муниција – во САД оди повеќе од половината
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лани српската индустрија за производство на воена опрема, ракетни системи, оружје и муниција, договорила извоз од 888 милиони долари, а повеќе од половина од тоа оди во САД, јавуваат српските медиуми.

„Ова е околу три пати повеќе од 2013 година, и овој тренд продолжува – показателите за првиот квартал од 2018 година, исто така зборуваат за раст. Интензивно се вложува во подобрувањето на технологиите во ваквите компании – Владата на Србија издвои значајни средства лани, и оваа инвестиција интензивно се имплементира“, вели помошник-министерот за одбрана на Србија, задолжен за материјални ресурси, Ненад Милорадовиќ.

Меѓу најголемите увозници на оружје и воена опрема од Србија се и Саудиска Арабија, Бугарија, Виетнам, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) …

Еден од најзначајните бизниси е развојот на ракетниот систем „Алас“, во соработка со ОАЕ, вреден 230 милиони евра. Овде е вклучена и компанијата „Крушик“ од Ваљево, која извезува 95% од производството.

„Крушик“ има договорен извоз вреден 240 милиони долари, и целосна искористеност на капацитетите до 2020 година. За да ги реализираа договорените зделки во рокот, има 1.703 нововработени работници за четири години.

Во 12 српски компании од одбранбената индустрија што се во државна сопственост, вработени се 12.000 работници, а најмногу се извезува муниција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×