Србија е еден од водечките стартап екосистеми во Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Според презентираните резултатите од истражувањето, Србија е рангирана меѓу првите пет стартап екосистеми во Европа.
србија стартапМинистерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ истакна дека мора да се вложат напори за во иднина да се привлечат што е можно повеќе млади луѓе на техничките факултети.
Резултатите од анкетата за стартап екосистемот спроведена од „Стартап Џином“ беа презентирани на прес-конференција од министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ и директорот на таа организација Жан Франсоа Гоцје.
Во изјавата на Ненад Поповиќ и Жан Франсоа Гоцје, Поповиќ истакна дека ќе бидат направени сите напори да се отворат стартап компании за што е можно повеќе млади луѓе и да се привлечат млади луѓе од регионот во Србија.
„Треба да развиеме поиновативно претприемништво, да имаме што повеќе стартапи и со тоа да го зајакнеме иновативниот екосистем“, рече Поповиќ.
Жан Франсоа Гоцје ја истакна важноста на развојот на инфраструктурата, како и соработката на јавните институции со приватни иницијативи.
“Србија постигна добри резултати и оди во вистинската насока. Исто така е важно дека има финансирање во рана фаза, но исто така и заедницата ги поддржува стартапите. Ние ќе дадеме препораки за да и помогнеме на Србија да стане лидер во креирањето работни места во оваа област.” рече Гоцје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×